Rss

19 – ти СИМПОЗИУМ ЗА СПОРТ И ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ НА МЛАДИТЕ

Во организација на Федерацијата на спортските педагози на Република Македонија, на 18 и 19 септември 2015 година, во Охрид ќе се одржи 19-тиот Симпозиум за спорт и физичко образование на младите.

Почитувани колешки и колеги,

Во прилог Ви испраќаме покана за 19 Меѓународeн научен Симпозиум, за  Спортот и Физчкото образование, ОХРИД, Република Македонија, 18 и 19 септември, 2015.

Превземете ја Поканата Охрид 2015

Презентираните трудови ќе бидат објавени во меѓународните списанија: RESEARCH IN KINESIOLOGY и ACTIVITIES IN PHYSICAL EDUCATION AND SPORT, кои се презентирани и вклучени со целосен текст во: EBSCO (USA) SPORTDiscus with Full Text и индексирани во: DOAJ Directory of Open Access Journals; WorldCat; COBISS.MK-Co-operative Online Bibliographic System and Services; COBIB.MK – Union cooperative bibliographic database; Journals Library – Social Science Research Center Berlin; Wissenschaftszentrum Berlin für Sozialforschung (WZB); GETINFO – TIB German National Library of Science and technology; CHENGFIND – David and Lorraine Cheng Library, William Paterson University

Со надеж дека ке се видиме на Конференцијата, примите срдечни поздрави.

Федерација на спортските педагози на Република Македонија

проф. д-р Александар Наумовски , претседател на Федерацијата

Гордан Стојчевски, секретар на Федерацијата