Rss

Упатство за авторите

Во списанијата се објавуваат трудови кои се категоризирани според научните и библиографските стандарди, односно кои се изложени на научни собири.
Доставените трудови се рецензираат (по  од двајца анонимни  независни компетентни рецензенти)   во согласност со тематиката на турдовите. Трудовите може да се прифатат, одбијат и да се вратат на авторите за корекција.  Сугестии за корекциите може да даваат и: рецензентите, одредени експерти, членови на Уредувачкиот одбор, Главниот  уредник и змениците на главниот  уредник.
Позитивно рецензираните трудови не мора хронолшки да се објавуваат според редоследот на доставувањето во Редакцијата на списисанието.
Доколку трудовите содржат одредени податоци и резултати од магиетерски и докторски трудови трудови или од научни проекти, потребна е согласност од авторите на тие трудови, односно од раковдителот на соодветниот  научен проект. Покрај тоа, мора да се цитираат изворите за наведените податоци и резултати.

Објавените трудови се категоризираат како:

  • Изворни (оригинални) научни трудови (Original scientific papers).

Претставуваат трудови со кои се откриваат нови, с# уште непознати факти или придонеси кон научната проблематика, а содржат елементи што овозможуваат проверка на резултатите од истражувањето.

  • Куси соопштенија (Научни белешки) (Research Notes).

Претставуваат трудови што содржат резултати на помали, но заокружени истражувања. Тие накусо и синтетизирано  ги прикажуваат резултатите на завршено истражување.

  • Претходни  соопштенија (Preliminary communications).

Содржат еден или повеќе нови научни податоци за чие објавување не треба да се чека подолго време. Резултатите од овие соопштенија може подоцна да бидат повторно објавени на вообичаен начин како Изворен (оригинален) научен труд кој е сe во тек.

  • Прегледни трудови (прикази) (Reviews).

Тие претставуваат извештаи (прикази, прегледи) со синтетизирано анализирање и евалуирање на состојбата на некој научен проблем за кој се веќе објавени трудови. Во прегледните трудови е пожелно да се ирази ставот на авторите  кон третираниот научен проблем, како и местото и значењето на нивните сопствени трудови за развојот на науката и збогатувањето на сознанијата  во соодветната научна област.

  • Излагања (реферати од научни собири) (Coference papers).

Претставуваат целосни трудови  кои се презентирани на научни собири, но во целосна форма не се објавени во зборник  на трудови.

  • Стручни  трудови  (Professional papers).

Во нив се третираат постојните сознанија на резултатите од изворните научни трудови. Исто така, во нив се нагласува примената на тие сознанија врз основа на познавањео на применетите методи на истражувањето  во подрачјето кое се анализира во трудот.
Категоризацијата на трудовите на предлог на рецензентите, ја врши Уредувачкиот одбор.  Таа не мора да се поклопува со предлогот на авторите.

Техничка форма  и подготовка на ракописот
Трудовите се пишуваат и доставуваат во електронска форма  еден примерок отпринтан на хартија. Обемот на трудовите најмногу треба да изнесува најмногу 20 страници (А4 формат, фонт 12, проред 1,  маргини  по 2,5 сантиметри) заедно со сите прилози (апстракти, табели, фотографии, цртежи, графикони, Литература и слично). Прилозите на  да се изработени со висок технички  уметнички квалитет. Тие да се презентираат на крајот на текстот. Доколку се преземени од друг труд, мора да се наведе целосниот библиографски извор од каде се преземени.
Во исклучителни случаи, Уредувачкиот одбор може да разгледува и побемнио трудови од 20 страници.
Трудовите  здолжително  треба да содржат:

  • Апстракт на јазикот на државата на првиот автор;
  • Апстракт на англиски јазик;
  • Верзија на трудот на јазикот на државата на првиот автор;
  • Верзија на трудот на англиски јазик;

Апстрактот и верзијата на текстот на англиски јазик треба да се безпрекорно  лекторирани  од овластен лектор.
Трудовите трерба да ја содржат следната структура.

Наслов 
Насловот треба е кус, но информативен. По правило не треба да содржи кратенки (ако мора да постојат, во заграда да сестави нивната  идентификација).
Како составен дел на насловот  на трудот, се наведуваат податоци за авторите и коавторите:

  • име и  презиме без титули  и звања,
  • званичен  целосен наслов на институциите на авторот и коавтотите во кои работат, град и  држава,
  • научно и академско звање, положбан а работното место, поштенсака и e- mail адреса, телефон (по можност и мобилен) телефакс.

Апстракт и клучни зборови 
Апстрактот треба да содржи 200-300 зборови. Неговата целосна содржина не треба да биде идентична и да се поклопува со  одреден дел на текстот на трудот.  Во него не треба да постојат кратенки. Тој треба интегрално да има  да има податоци за основната суштина на трудот, а кај изворните (оригиналните) научни трудови, податоци за примерокот на испитаниците, мерните ионструменти, методите на истражувањето, резултатите и заклучоците.

Клучни зборови
Клучните зборови треба да ја репзентираат суштината на трудот. Тие не треба да се содржани во  насловот на трудот. Треба да се наведат од неколку до 6-7 клучни зборови.

Структура  на  другите  глави  кајизворните (оригиналните) трудови

Вовед
Треба да содржи информативни показатели за проблемот на истражувањето, резултати и заклучни согледувања кои се поврзани со него. Покрај  тоа,  треба да ја содржи  и   целта  на истражувањето.

Методи на истражувањето
Оваа глава по можност не  мора да содржи нагласени подглави. Меѓутоа, треба да се одликува со класификувани показатели за примерокот на испитаниците, применетите мерни инструменти, методите на истражувањето (експериментални, десктрипривни, историски,  статистички и слично).

Резултати
Резултатите најчесто  треба да се продукт од  обработка на соодветни методи и да бидат  прикажани  табеларно, графички, шематски, со цртежи,  слики и слично. Тие треба  концизно да се интерпретираат и текстуално   да не се повторуваат во  изразена смисла  со  наведување на нумерчките показтели.

Дискусија и заклучоци
Дискусијата  по обем да биде значително  најголема глава во однос на целиот текст на трудот. Таа треба да содржи причинско последични врски  и објаснувања за добиените резултати. Исто така, треба да содржи интерпретација на податоците од  применетите методи за обработка на податоците и научна интерпретација на резултатите кои се засновани на нив.
Дискусијата  е пожелно да се карактеризира со соодветни  споредби на резултатите од презентираното истражување со резултатите на други  слични  претходни истражувања. Може да се наведат насоките за теоретското и практичното значење на  добиените резултати од истражувањето и нивната кинезиолошка и општествена имплементација.
Заклучоците од истражувањето да се прикажат интегрирано и синтетизирано со дискусијата на резултатите. Тие да се засновуваат  на дискусијата  и не  треба да се поклопуваат резултатите од истражувањето.

Референци
Цитирањето на референците во текстот и во делот “Литература” на трудот треба да е во согласност со Harvard reference system spored APA (American Psychological Assoaciation)  стандардот.  Во ова Упатство за авторите, се наведени  некои примари за цитирање на референците кои треба  да  се користат во  при публикувањето на списанието.

Во текстот:

  • Цитирањето се врши само од оригинални извори. Доколку тие не се достапни (ако се цитира) индиректно, треба да се наведе (преземено од:…,  или спорерд: …). Цитирањето треба да е во оригиналана форма или во наводници.
  • Доколку се наведуваат резултати, ставови, мисли, и слично, во заграда треба да се наведе: презимето на авторот, потоа запирка  годината на објавениот труд , на пример: (Strel, 1987).
  • Ако се наведува автор кој добил  истражувачки резултати, потребно е покарај презимето на авторот во заграда да се стави годината,  на пример: (Од резултатите при компарирањето на мерните карактеристики на моторните тестови, кои ги добил  Gligorov (1999) може да се види дека…).
  • Кога се наведуваат два или повеќе извори за навдување на истражувачки резултати,  од иста година за ист автор  или за група автори, потребно е да се стави во заграда: презимето на авторот (авторите), запирка, годинаните и по абецеден ред мали букви, по кои се ставаат запирки, а по последната година, се затвора заградата. на пример: Bala (2002a, 2002b). Во ваквите случаи, според тој редослед, тие извори мораат да се наведат и во главата “Литература” односно “Референци”.
  • Доколку се наведуваат два автори, на пример: Нумовски & Гонтарев (2006), секогаш е потребно  да се наведат  двете презимиња и годината.
  • Ако се работи за автори   со исти презимина, се наведуваат иницијалите на имињата. На пример: A.Naumovski (2002)  & M.Naumovski (2006). Наведувањето на ваквиот извор, треба да се користи во текот на целиот труд без оглед на различните години.
  • Во случаевите кога се наведуваат три, четири или пет автори, првиот пат е потребно да се сите презимиња и годината. При следните наведувања, треба да остане само првиот автор и да се додаде “et al.”.  На пример: во првото наведување, трба да стои Morrow, Jackhson, Disch & Mood (1995), а во следните наведувања само Morrow et al. (1995).
  • Доколку има повеќе од пет автори, наведувањето треба да биде како  во случајот со три до пет автори при следните наведувања, односно се наведува само првиот автор  и “et al.”. На пример: Kurelić et.al. (1975). Меѓутоа, при наведувањето на библиографските единици во главата “Литература”, односно “Референци”, трба да се наведат  сите автори.
  • При цитирањето на труд за кој нема податоци за автор, наместо презимиња сде става насловот на трудот. На пример: Министерство за образование и наука  (2008).
  • Во исклучителни случаеви (кога оригиналниот изворот е недостапен), се користи посредно цитирање. Притоа, во заграда се става: авторот  кој се цитира   запирака, година на издавањето на трудот во кој е наведен изворот, точка и запирка, според: авторот кој   цитира, запирка, година. На пример: (Momirović, Wolf & Popović,1999 ; според: Gontarev, 2007).

Во  делот “Литература “(References)  на трудот

  • Изворите се наведуваат  по абецеден ред со презимето на првиот автор или со насловот на трудот доколку авторот не е познат.  Доколку ист автор во трудот  се појавува самостојно прв пат, а втор пат како прв автор со два или повеќе автори, најнапред се наведуваат неговите самостојни трудови. Потоа, по абецеден ред се  наведуваат презимињата на  вториот, третиот и следните трудови. Доколку ист автор се појавува повеќе пати, трудовите се наведуваат хронолошки од постарите кон  поновите.
  • Во случаевите кога трудовите се во постапка на   објавување, потребно е да се наведат сите податоци натрудот, а наместо годината за публикување да се стави “во печат”.
  • Наместо презимиењата, во случаите кога авторот е непознат, се наведува насловот на трудот и другите податоци.
  • Без оглед на бројот на авторите на трудот, се наведуваат  сите автори. Тие се издвојуваат со запирка, а пред последниот автор се става “&”.
  • Кога се наведува книга (монографија), насловот на трудот треба да се напише со курзив.
  • При наведувањето на труд од списание, со курзив се пишува називот и годината (волуменот).
  • Сите библиографски единици се наведуваат со оригиналниот јазик  со кој е напишан трудот. Ако трудот не е напишан на англиски јазик, во аглеста загрда,  се става преводот на  насловот  на англиски јазик.

Во наредниот текст се прикажани примери за најчесто наведување набиблиографските единици во “Литературата”.

Книги (Monographs)
Пример:
Graton, G., & Jones, I. (2006). Research methods for sports studies. London and New York: Routledge.
Доколку  изворот не е на англиски јазик, насловот се става во аглеста заграда преводен на англиски јазик, и  се наведува јазикот од кој е извршен преводот.
Пример:
Naumovski, A. (2004). Основни статистички методи во спортот. [Basic statistical methods in sport. In Macedonian] Скопје: Факултет за физичка култура, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Списанија
Пример:
Hessler, E., &  Amazeen, P. (2009). Attentional demands on motor-respiratory coordination. Research Quarterly for Exercise and Sport, 80(3), 510-523.
Доколку трудот е во печат, во заградата, наместо годината на издавањето се става “во печат”, а волуменот, бројот и страниците на списанието кое се печати, не мора да се наведат.
Пример:
Naumovski, A. (in press). Comparison of the predicative value of the anthropometric and motoric latent dimensions for the success in two sport elements  of basketball and volleyball. Sport & science.
Ако се наведува труд во Супплемент, во заградата каде  се наведува бројот на списанието, наместо тој број ,се става  Супплемент со неговиот број.
Пример:
Bala, G., Golubović, Š., & Katić, R. (2010). Relations between Handedness and Motor Abilities in preschool children. Collegium Antropologicum, 34 (Suppl. 1), 69-75.

Поглавја и книги
Пример:
Čokorilo, R. (2007). Emocionalni razvoj predškolskog deteta.  U G. Bala (Ur.),Antropološke karakteristike  i sposobnosti predškolske dece  (str. 227-248). [Anthropological characteristics and abilities of preschool children. In Serbian]. Novi Sad: Fakultet sporta i fizičkog vaspitanja,Univerzitet u Novom Sadu.

Трудови во зборници  од  научни  собири
Пример:
Hughes, M., & Reed, D. (2005). Creating performance profile using perturbations in soccer.Proceedings of 4th International Scientific Conference  on Kinesiology „Science andProfession – Challenge for the Future“, Opatija, 2005, (pp. 34-53). Zagreb: Faculty
of Kinesiology, University of Zagreb.

Докторски, магистерски и дипломски работи
Пример:
Глигоров, С. (2008). Предиктивна вредност на некои базични моторни тестови анализирана со различни методолошко-статистички постапки врз успехот на ситуационите моторни тестови кај испитаници со натпросечни моторни способнпости. [Predictive value of some basic motor test analysed by different methodological-statistical procedures on the success of the situation motor tests with tested individuals with above-average motor capabillities. In Macedonian.] Докторска дисертација, Скопје: Факултет за физичка култура, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Наведувањето на магистерските и дипломските трудови е идентично со докторските дисертации, со тоа што на местото на „Докторска дисертација”, соодветно се става „Магистерска работа”, односно „Дипломска работа”.

Електронски извори
Со оглед на специфичноста на електронските извори (компјутерски софтвер, компјутерски и информатички сервиси, он-лине страници), нивното наведување во овој текст е прикажано со општиот редослед на деловите на библиографската единица низ одредени примери.

On-line  Апстракт
Редоследот на деловите на библиографската единица е:
Презиме, иницијал на името. (Година). Наслов. [on-line]. Име на списанието,волумен, прва страница-последна страница. Апсттракт од: Име на збирката на датотеката: имде на збирката на Единицата: ознака – на единицата.
Пример:
Mayer, A.S., &  Bock, K. (1992). The tip of the tongue phenomenon: Blocking or  partial activation? [on-line]. Memory and cognition,  20, 715-726. Apstrakt od: DIALOG Датотека: PsycINFO Единица: 80-16351

On-line  списание, достапно на електронска пошта
Редоследот на деловите на библиографската единица е:
Презиме, иницијал на името. (Година, месец). Наслов. [обем на трудот]. Името на списанието [On-line на сериската публикација], волумен (број). Достапно на e-mail:  е-адреса Пораката: текст на пораката
Пример:
Funder, D.C. (1994, March). Jugmental processand content: Commentary on Koehler base-rate [9 paragraphs]. Psycoloquy [on-line na seriskata publikacija], 5(17). Dostapno na E-mail: psyc@pucc Poraka: Get psyc 94-xxxxx

Апстракт на CD-ROM
Редоследот на деловите на библиографската единица е:
Презиме, иницијал на името. (Година). Наслов на трудот [CD-ROM]. Наслов на списанието, волумен, прва страница-последна страница. Апстракт од: Извор и број на единицата.
Пример:
Mayer, A.S., &  Bock, K. (1992). The tip of the tongue phenomenon: Blocking or  partial activation? [CD-ROM]. Memory and cognition, 20, 715-726. Апстракт од: SilverPlater Датотека: PsycLIT Единица: 80-16351

WWW (Internet, Web sajt)
Редоследот на деловите на библиографската единица е:
Наслов на страницата. (Датум). Место: Издавач. Поставено на ден. месец. година со web сајтот: http наслов.
Пример:
Electronic reference formats recommended by the American Psychological Association. (19.11.1999). Washington, DC: American Psychological Association. Postaveno 3.5.2000 od Web sajtot: http://www.apa.org/webref.html.

Превземете го упатството на македонски јазик