СЕМИНАР ЗА СПОРТСКИ ТРЕНЕРИ И СПОРТСКИ ПЕДАГОЗИ

Федерацијата на Спортските Педагози на Република Македонија во организација на Здружението на Спортски Педагози Куманово како домаќин и во соработка со Општински Сојуз на Спортови Куманово, на 28.2.2020 во Куманово успешно го реализираше Семинарот за спортски тренери и спортски педагози, со вкупно 66 учесници од Велес, Кратово, Куманово и Скопје, 5 гости и 4 едукатори.

Беа опфатени четири теми:
– Работа со млади категории (почетници), Александар Јовановиќ;
– Улога на тренерот во менаџирање на спортски клубови, Југослав Спасиќ;
– Специфичности и разлики во тренажниот процесот со женски спортисти, Филип Колевски
– Споредба на услови за спорт 2010 и 2020 година, Слободан Стојчевски.

Целта на овој семинар беше насочена кон правилна работа на тренерите со спортистите и управување со тренажниот процес како и влијанието на тренерите во клубовите, а се со цел кон подобри спортски резултати.

Сподели
Facebook
Twitter
LinkedIn