УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАН 22-РИОТ СИМПОЗИУМ НА ФСПРМ

Федерацијата на спортски педагози на Република Македонија успешно го организираше 22-риот Симпозиум за спорт и физичко воспитување на младите, на 4-ти и 5-ти октомври, 2019 година во Струга. Симпозиумот беше реализиран со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортските федерации. Здружението за истражување во општествените науки „Аргументум“ исто така учествуваше во организација на симпозиумот.

Симпозиумот беше отворен од г-дин Дарко Каевски, Директор на Агенцијата за млади и спорт, кој ја истакна значајната улога на Федерацијата на спортските педагози во образованието и истражувањето бво спротот, имајќи ја предвид традицијата на Федерацијата и нејзиното 66 годишно постоење, посебно во однос на спортските активности на младите и резултатите од истражувањата, презентирани во научните списанија на ФСПРМ. Каевски ја нагласи и потребата за зголемувањето на заедничките проекти и настани во обаа област.

За време на свеченото отворање, учесниците беа поздравени од: Проф. д-р Тонќа Јукиќ (Универзитет во Сплит, Хрватска), Проф. д-р Елеонора Милева (Национална спортска академија, Софија, во името на Бугарските спортски педагози), Проф. д-р Вишеслав Крсмановиќ (Европски Институт за спорт), Проф. д-р Анжелина Јанева и проф. д-р Георги Игнатов (Универзитет „Св. Климент Охридски“, Софија, Бугарија), Проф. д-р Владо Бучковски (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје), Проф. д-р Иса Аслани (Државен универзитет во Тетово) и други истакнати професори од областа на спортските науки и сродните дисциплини.

Во говорот по повод свеченото отворање, проф. Гордан Стојчевски, Претседател на ФСПРМ, го истакна и придонесот на проф. д-р Александар Наумовски за развојот на Федерацијата. Натаму, проф. Стојчевски ги елаборираше темите на симпозиумот, како и основните предизвици во идните истражувања. Проф. д-р Билјана Попеска, Уредник на списанијата RIK и APES ја изрази благодарноста кон сите учесници, посакувајќи им топло добредојде во Струга.

Во текот на двата дена на симпозиумот, повеќе од 100 учесници од Македонија, Бугарија, Хрватска, Србија, Албанија и Косово ги презентираа трудовите или учествуваа во дискусиите во текот на пленарната сесија и работилниците на следниве теми: Физичкото образование и спортот во образовниот систем; Компетенции, едукација и професионален развој на кадрите;Физичко образование и спорт за здрав и активен живот, активни заедници и промоција на здравјето; Холистички пристап и учење преку физичко образование; Инклузивно физичко образование;Физичка подготовка и спортот во одбраната и безбедноста; Педагошки, психолошки и социолошки аспекти на физичкото образование, спортот и рекреацијата;Спортско право; Спортски менаџмент; Спортски туризам; Современи пристапи во спортскиот тренинг; Спортски повреди и рехабилитација.

Презентираните трудови ќе бидат објавени во списанијата RIK и APES (Vol. 47, No. 1 & 2, 2019).

Федерацијата на спортските педагози изразува благодарност до сите што дојдоа во Струга да учествуваат на овој настан.

Се гледаме на 23-от симпозум во 2020 година!

Сподели
Facebook
Twitter
LinkedIn