Почитувани колеги и пријатели,
Со оглед на актуелната пандемија со Ковид 19 и преземените мерки за заштита од истата, Ве информираме дека најавената 16та Меѓународна Научно – стручна конференција во организација на Федерацијата на спортски педагози на Република Македонија, која беше закажана за 15 и 16 Мај, 2020 во Куманово ќе се пролонгира. Конференцијата ќе се одржи во исто време со 23тиот Симпозиум за спорт и физичко воспитување кој ќе се одржи во Струга во последната недела во Септември, 2020 година. За точниот датум и место на реализација, ќе бидете дополнително информирани. Дополнително, ги информираме сите учесници од минатогодишниот 22ри Симпозиум, дека сите презентирани, прифатени и позитивно рецензирани трудови ќе бидат објавени во списанијата Research in Kinesiology (RIK) и Activities in Physical Education and Sport (APES) во тек на месец јуни во електронско издание. Печатените изданија ќе бидат дистрибуирани до авторите за време на 23тиот Симпозиумот.
Ги очекуваме Вашите пријави, апстракти и комплетни трудови.
Останете во добро здравје,
Со почит,
Организациски одбор
Федерација на спортски педагози на Македонија