Rss

Archives for :

ЕВРОПСКИ ДЕН НА СПОРТОТ ВО УЧИЛШТАТА

Федерацијата на Спортските Педагози на Република Македонија на 25 септември ќе го организира „Европскиот Ден на Спортот во Училиштата“. На креативни начини, во услови на пандемија ќе се организираат физички активности кои кај децата и училишната младина ќе поттикнат забава, благосостојба, задоволство од физичка активност, која е пред се во функција на превенција и унапредување на нивното здравје. Оваа година по шести пат се организира Европскиот ден на спортот во училиштата, како предводник на #BeActive „Европска недела на мобилност“. Минатата година беа вклучени 90.000 училишта од 44 држави со активни 3 милиони училишни деца во 120 минутна физичка активност. Настанот е координиран од Унгарската Федерација на Училишен Спорт во соработка со „Европската асоцијација за физичко образование“, „Младински спортски труст интернешнл“, „Меѓународното здружение за спорт и култура“, „BG Be Active“ и „V4Sport“ и „Националните координатори во повеќе од 33 земји“. Настанот со 120 минутна физичка активност и дружење во нашата држава ќе се организира онлајн, со физички активности на далечина, каде што во живо со стриминг ќе се пренесуваат на социјалните мрежи. Регистрацијата е достапна на официјалната страна на #ESSD2020, на која може да се регистрираат, преку одговорно лице, сите училишта кои сакаат да учествуваат на настанот кој ќе го организира нашата Федерација или сами ќе изработат и постираат свои видеа и краток извештај за физичките активности во нивните училишта. Симултаните сесии на физички активости ќе бидат пренесувани во живо низ цела Европа од страна на Националните координатори од сите земји учеснички. Секој поединец може да го следи онлајн настанот, а секое училиште треба да се регистрира за реализација на свој училишен настан.

РАСПОРЕД НА ПРЕТСТОЈНИ АКТИВНОСТИ

До 03.09.2020г пријавување на училишта за учество на ЕССД 2020
До 15.09.2020г регистрација на училишта за учество на настанот ЕССД 2020
Спортски активности #BeActive „Европска недела на мобилност“ 23-30.09.2020

„Европски Ден на Спортот во Училиштата“ 25.09.2020 (петок),

ПРИДОБИВКИ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ

Национален настан со онлајн физички активности со познати спортисти, фитнес и аеробик инструктори во 4 сесии по 30 минути
Голема наградна игра на 25.09.2020 за сите поединци вклучени на онлајн физички активности во сите 4 сесии по 30 минути во живо. (Фитнес Часовник, Фитнес Слушалки, Фитнес Вага, Велосипед)
Европски електронски Сертификати за сите училишта учесници на настанот.

23 – ри СИМПОЗИУМ ЗА СПОРТ И ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ НА МЛАДИТЕ

Почитувани колешки и колеги,

Во прилог Ви испраќаме Покана за 23 Меѓународен симпозиум за спорт и физичко воспитување на младите , 2 и 3 октомври 2020 година , во  Охрид, Македонија.

Презентираните трудови ќе бидат објавени во меѓународните списанија: RESEARCH IN KINESIOLOGY и ACTIVITIES IN PHYSICAL EDUCATION AND SPORT, кои се презентирани и вклучени со целосен текст во: EBSCO (USA) SPORTDiscus with Full Text и индексирани во: WorldCat; COBISS.MK-Co-operative Online Bibliographic System and Services; COBIB.MK – Union cooperative bibliographic database; Journals Library – Social Science Research Center Berlin; Wissenschaftszentrum Berlin für Sozialforschung (WZB); GETINFO – TIB German National Library of Science and technology; CHENGFIND – David and Lorraine Cheng Library, William Paterson University, Universität Zürich

 

Со надеж дека ке се видиме на Симпозиумот, примете срдечни поздрави.

ЗАБЕЛЕШКА:

Ораганизаторите ќе ја следат состојбата со пандемијата КОВИД19 и најдоцна до 20 септември ке ве информираат за евентуалната можност за организација на Симпозиумот онлајн. Во случај на онлајн реализација пријавените учесници дополнително ќе добијат информации за платформата и начинот на учество.

 

Федерација на спортските педагози на Република Македонија
Гордан Стојчевски, претседател на Федерацијата

 

Превземете ја Поканата Охрид 2020

16та Меѓународна Научно Стручна Конференција за Спорт и Физичко Образование на Младите

Почитувани колеги и пријатели,

Со оглед на актуелната пандемија со Ковид 19 и преземените мерки за заштита од истата, Ве информираме дека најавената 16та Меѓународна Научно – стручна конференција во организација на Федерацијата на спортски педагози на Република Македонија,  која беше закажана за 15 и 16 Мај, 2020 во Куманово ќе се пролонгира. Конференцијата ќе се одржи во исто време со 23тиот Симпозиум за  спорт и физичко воспитување кој ќе се одржи во Струга во последната недела во Септември, 2020 година. За точниот датум и место на реализација, ќе бидете дополнително информирани.  Дополнително, ги информираме сите учесници од минатогодишниот 22ри Симпозиум, дека сите презентирани, прифатени и позитивно рецензирани трудови ќе бидат објавени во списанијата Research in Kinesiology (RIK) и Activities in Physical Education and Sport (APES) во тек на месец јуни во електронско издание. Печатените изданија ќе бидат дистрибуирани до авторите за време на 23тиот Симпозиумот.

Ги очекуваме Вашите пријави, апстракти и комплетни трудови.

Останете во добро здравје,

Со почит,
Организациски одбор
Федерација на спортски педагози на Македонија

 

 

СЕМИНАР ЗА СПОРТСКИ ТРЕНЕРИ И СПОРТСКИ ПЕДАГОЗИ

Федерацијата на Спортските Педагози на Република Македонија во организација на Здружението на Спортски Педагози Куманово како домаќин и во соработка со Општински Сојуз на Спортови Куманово, на 28.2.2020 во Куманово успешно го реализираше Семинарот за спортски тренери и спортски педагози, со вкупно 66 учесници од Велес, Кратово, Куманово и Скопје, 5 гости и 4 едукатори.

Беа опфатени четири теми:
– Работа со млади категории (почетници), Александар Јовановиќ;
– Улога на тренерот во менаџирање на спортски клубови, Југослав Спасиќ;
– Специфичности и разлики во тренажниот процесот со женски спортисти, Филип Колевски
– Споредба на услови за спорт 2010 и 2020 година, Слободан Стојчевски.

Целта на овој семинар беше насочена кон правилна работа на тренерите со спортистите и управување со тренажниот процес како и влијанието на тренерите во клубовите, а се со цел кон подобри спортски резултати.

 

Покана за 16та Меѓународна Научно Стручна Конференција за Спорт и Физичко Образование на Младите

Почитувани колешки и колеги
 

Во прилог Ви праќаме покана за учество на 16 Меѓународна Научнo Стручна Конференција која ќе се одржи во Куманово, 15 и 16ти  Мај, 2020 година во организација на Федерацијата на спортски педагози на Република Македонија. 

Насловите и апстрактите на трудовите, на мајчин јазик на авторот и на англиски јазик во електронска форма,треба да се достават најдоцна до 08 мај 2020 година на email: [email protected][email protected]yahoo.com или на [email protected].

Ве очекуваме, 
Федерација на спортските педагози на Република Македонија

Превземете ја Поканата 

УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАН 22-РИОТ СИМПОЗИУМ НА ФСПРМ

Федерацијата на спортски педагози на Република Македонија успешно го организираше 22-риот Симпозиум за спорт и физичко воспитување на младите, на 4-ти и 5-ти октомври, 2019 година во Струга. Симпозиумот беше реализиран со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортските федерации. Здружението за истражување во општествените науки „Аргументум“ исто така учествуваше во организација на симпозиумот.

Симпозиумот беше отворен од г-дин Дарко Каевски, Директор на Агенцијата за млади и спорт, кој ја истакна значајната улога на Федерацијата на спортските педагози во образованието и истражувањето бво спротот, имајќи ја предвид традицијата на Федерацијата и нејзиното 66 годишно постоење, посебно во однос на спортските активности на младите и резултатите од истражувањата, презентирани во научните списанија на ФСПРМ. Каевски ја нагласи и потребата за зголемувањето на заедничките проекти и настани во обаа област.

За време на свеченото отворање, учесниците беа поздравени од: Проф. д-р Тонќа Јукиќ (Универзитет во Сплит, Хрватска), Проф. д-р Елеонора Милева (Национална спортска академија, Софија, во името на Бугарските спортски педагози), Проф. д-р Вишеслав Крсмановиќ (Европски Институт за спорт), Проф. д-р Анжелина Јанева и проф. д-р Георги Игнатов (Универзитет „Св. Климент Охридски“, Софија, Бугарија), Проф. д-р Владо Бучковски (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје), Проф. д-р Иса Аслани (Државен универзитет во Тетово) и други истакнати професори од областа на спортските науки и сродните дисциплини.

Во говорот по повод свеченото отворање, проф. Гордан Стојчевски, Претседател на ФСПРМ, го истакна и придонесот на проф. д-р Александар Наумовски за развојот на Федерацијата. Натаму, проф. Стојчевски ги елаборираше темите на симпозиумот, како и основните предизвици во идните истражувања. Проф. д-р Билјана Попеска, Уредник на списанијата RIK и APES ја изрази благодарноста кон сите учесници, посакувајќи им топло добредојде во Струга.

Во текот на двата дена на симпозиумот, повеќе од 100 учесници од Македонија, Бугарија, Хрватска, Србија, Албанија и Косово ги презентираа трудовите или учествуваа во дискусиите во текот на пленарната сесија и работилниците на следниве теми: Физичкото образование и спортот во образовниот систем; Компетенции, едукација и професионален развој на кадрите;Физичко образование и спорт за здрав и активен живот, активни заедници и промоција на здравјето; Холистички пристап и учење преку физичко образование; Инклузивно физичко образование;Физичка подготовка и спортот во одбраната и безбедноста; Педагошки, психолошки и социолошки аспекти на физичкото образование, спортот и рекреацијата;Спортско право; Спортски менаџмент; Спортски туризам; Современи пристапи во спортскиот тренинг; Спортски повреди и рехабилитација.

Презентираните трудови ќе бидат објавени во списанијата RIK и APES (Vol. 47, No. 1 & 2, 2019).

Федерацијата на спортските педагози изразува благодарност до сите што дојдоа во Струга да учествуваат на овој настан.

Се гледаме на 23-от симпозум во 2020 година!

22 – ри СИМПОЗИУМ ЗА СПОРТ И ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ НА МЛАДИТЕ

Почитувани колешки и колеги,

Во прилог Ви испраќаме Покана за 22 Меѓународен симпозиум за спорт и физичко воспитување на младите , 4 и 5 октомври 2019 година , во  Струга, Македонија.

Презентираните трудови ќе бидат објавени во меѓународните списанија: RESEARCH IN KINESIOLOGY и ACTIVITIES IN PHYSICAL EDUCATION AND SPORT, кои се презентирани и вклучени со целосен текст во: EBSCO (USA) SPORTDiscus with Full Text и индексирани во: WorldCat; COBISS.MK-Co-operative Online Bibliographic System and Services; COBIB.MK – Union cooperative bibliographic database; Journals Library – Social Science Research Center Berlin; Wissenschaftszentrum Berlin für Sozialforschung (WZB); GETINFO – TIB German National Library of Science and technology; CHENGFIND – David and Lorraine Cheng Library, William Paterson University, Universität Zürich

Со надеж дека ке се видиме на Конференцијата, примете срдечни поздрави.

Федерација на спортските педагози на Република Македонија

Гордан Стојчевски, претседател на Федерацијата

Превземете ја Поканата Струга 2019

15 – та МЕЃУНАРОДНА НАУЧНО СТРУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Почитувани колешки и колеги,

Во прилог Ви испраќаме Покана за 15 Научна Меѓународна конференција, 28 и 29 април 2017 год. во Велес, Република Македонија.

Презентираните трудови ќе бидат објавени во меѓународните списанија: RESEARCH IN KINESIOLOGY и ACTIVITIES IN PHYSICAL EDUCATION AND SPORT, кои се презентирани и вклучени со целосен текст во: EBSCO (USA) SPORTDiscus with Full Text и индексирани во: WorldCat; COBISS.MK-Co-operative Online Bibliographic System and Services; COBIB.MK – Union cooperative bibliographic database; Journals Library – Social Science Research Center Berlin; Wissenschaftszentrum Berlin für Sozialforschung (WZB); GETINFO – TIB German National Library of Science and technology; CHENGFIND – David and Lorraine Cheng Library, William Paterson University, Universität Zürich

Со надеж дека ке се видиме на Конференцијата, примите срдечни поздрави.

Федерација на спортските педагози на Република Македонија

проф. д-р Александар Наумовски, претседател на Федерацијата

Гордан Стојчевски, секретар на Федерацијата

Превземете ја поканата, Велес, 2017

20 – ти СИМПОЗИУМ ЗА СПОРТ И ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ НА МЛАДИТЕ

Почитувани колешки и колеги,

Во прилог Ви испраќаме Покана за 20 Меѓународeн научен Симпозиум, за  Спортот и Физчкото образование, ОХРИД, Република Македонија, 30 септември  и 1 октомври, 2016 год.

Превземете ја Поканата Охрид 2016

Презентираните трудови ќе бидат објавени во меѓународните списанија: RESEARCH IN KINESIOLOGY и ACTIVITIES IN PHYSICAL EDUCATION AND SPORT, кои се презентирани и вклучени со целосен текст во: EBSCO (USA) SPORTDiscus with Full Text и индексирани во: DOAJ Directory of Open Access Journals; WorldCat; COBISS.MK-Co-operative Online Bibliographic System and Services; COBIB.MK – Union cooperative bibliographic database; Journals Library – Social Science Research Center Berlin; Wissenschaftszentrum Berlin für Sozialforschung (WZB); GETINFO – TIB German National Library of Science and technology; CHENGFIND – David and Lorraine Cheng Library, William Paterson University

Со надеж дека ке се видиме на Симпозиумот,примите срдечни поздрави. 

Федерација на спортските педагози на Република Македонија 

проф. д-р Александар Наумовски , претседател на Федерацијата

Гордан Стојчевски, секретар на Федерацијата

14 – та МЕЃУНАРОДНА НАУЧНО СТРУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Почитувани колешки и колеги,

Во прилог Ви испраќаме Покана за 14 Научна Меѓународна конференција, 22 и 23 април 2016 год. во Велес, Република Македонија.

Презентираните трудови ќе бидат објавени во меѓународните списанија: RESEARCH IN KINESIOLOGY и ACTIVITIES IN PHYSICAL EDUCATION AND SPORT, кои се презентирани и вклучени со целосен текст во: EBSCO (USA) SPORTDiscus with Full Text и индексирани во: DOAJ Directory of Open Access Journals; WorldCat; COBISS.MK-Co-operative Online Bibliographic System and Services; COBIB.MK – Union cooperative bibliographic database; Journals Library – Social Science Research Center Berlin; Wissenschaftszentrum Berlin für Sozialforschung (WZB); GETINFO – TIB German National Library of Science and technology; CHENGFIND – David and Lorraine Cheng Library, William Paterson University, Universität Zürich

 Со надеж дека ке се видиме на Конференцијата, примите срдечни поздрави.

Федерација на спортските педагози на Република Македонија

проф. д-р Александар Наумовски, претседател на Федерацијата

Превземете ја поканата, Велес, 2016

Гордан Стојчевски, секретар на Федерацијата