Rss

ЕВРОПСКИ ДЕН НА СПОРТОТ ВО УЧИЛШТАТА

Федерацијата на Спортските Педагози на Република Македонија на 25 септември ќе го организира „Европскиот Ден на Спортот во Училиштата“. На креативни начини, во услови на пандемија ќе се организираат физички активности кои кај децата и училишната младина ќе поттикнат забава, благосостојба, задоволство од физичка активност, која е пред се во функција на превенција и унапредување на нивното здравје. Оваа година по шести пат се организира Европскиот ден на спортот во училиштата, како предводник на #BeActive „Европска недела на мобилност“. Минатата година беа вклучени 90.000 училишта од 44 држави со активни 3 милиони училишни деца во 120 минутна физичка активност. Настанот е координиран од Унгарската Федерација на Училишен Спорт во соработка со „Европската асоцијација за физичко образование“, „Младински спортски труст интернешнл“, „Меѓународното здружение за спорт и култура“, „BG Be Active“ и „V4Sport“ и „Националните координатори во повеќе од 33 земји“. Настанот со 120 минутна физичка активност и дружење во нашата држава ќе се организира онлајн, со физички активности на далечина, каде што во живо со стриминг ќе се пренесуваат на социјалните мрежи. Регистрацијата е достапна на официјалната страна на #ESSD2020, на која може да се регистрираат, преку одговорно лице, сите училишта кои сакаат да учествуваат на настанот кој ќе го организира нашата Федерација или сами ќе изработат и постираат свои видеа и краток извештај за физичките активности во нивните училишта. Симултаните сесии на физички активости ќе бидат пренесувани во живо низ цела Европа од страна на Националните координатори од сите земји учеснички. Секој поединец може да го следи онлајн настанот, а секое училиште треба да се регистрира за реализација на свој училишен настан.

РАСПОРЕД НА ПРЕТСТОЈНИ АКТИВНОСТИ

До 03.09.2020г пријавување на училишта за учество на ЕССД 2020
До 15.09.2020г регистрација на училишта за учество на настанот ЕССД 2020
Спортски активности #BeActive „Европска недела на мобилност“ 23-30.09.2020

„Европски Ден на Спортот во Училиштата“ 25.09.2020 (петок),

ПРИДОБИВКИ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ

Национален настан со онлајн физички активности со познати спортисти, фитнес и аеробик инструктори во 4 сесии по 30 минути
Голема наградна игра на 25.09.2020 за сите поединци вклучени на онлајн физички активности во сите 4 сесии по 30 минути во живо. (Фитнес Часовник, Фитнес Слушалки, Фитнес Вага, Велосипед)
Европски електронски Сертификати за сите училишта учесници на настанот.