Mеѓународно списание за научни и стручни прашања во физичкото образование и спортот

UDC: 796 ISSN: 1857-7687

Издавач: ФЕДЕРАЦИЈА НА СПОРТСКИTE ПЕДАГОЗИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Пристапот до неговата содржина е слободно достапен без плаќање од индивидуалните и институционалните корисници. На корисниците им е дозволено да го читаат, преземаат, печатат, да пребаруваат или да создаваат поврзувања на целосниот текст на статиите од списанието. Кусиот наслов на списанието е: APES.

Списанието е презентиранио и вклучено со целосен текст во: EBSCO (USA) SPORTDiscus with Full Text и индексирани во: DOAJ Directory of Open Access Journals; WorldCat; COBISS.MK-Co-operative Online Bibliographic System and Services; COBIB.MK-Union cooperative bibliographic database; Journals Library – Social Science Research Center Berlin; Wissenschaftszentrum Berlin für Sozialforschung (WZB); GETINFO – TIB German National Library of Science and technology; CHENGFIND – David and Lorraine Cheng Library, William Paterson University

Списанието објавува фундаментални и апликативни стручни и научни трудови, засновани на анализа и примена на методски постапки од областа на активностите на физичкото образование спортот, како и од областа на општествените и биолошко-медицинските науки кои се поврзани со тие активности. Списанието излегува два пати годишно во посебни броеви со објавени трудови на англиски јазик и со апстракти на англиски и македонски јазик. По потреба се издаваат и Додатоци (Суплементи) за секој посебен број на списанието.

Подготовката на трудовите за објавување, треба да е усогласена со критериумите кои се наведени во Упатството за авторите, кое е приложено во овој Сајт и отпечатено на последните страници во списанието.

АРХИВА