За Федерацијата
Федерацијата на спортските педагози на Република Македонија е основана во 1953 година. Таа е една од најстарите федерации во Република Македонија. Во нејзиниот состав, со оглед на степенот на стручното образование се вбројуваат над 1500 спортски педагози, меѓу кои најголемиот дел се со високо образовани од областа на кинезиологијата.
Еден дел од нив се магистри и доктори на науки од таа област. Забележителен број од нив, активно делуваат и се членови во работните тела на Федерацијата.
Во досегашниот период, покрај другото, Федерацијата има реализирано повеќе стручни и научни теоретскии и апликативни активности. Освен организирањето на практични спортски манифестации од воспитно-образовен, методички, тренажен, натпреварувачки и спортско-рекреативен карактер, таа има организирано повеќе стручни и научни собири (семинари, трибини, научни конференции, симпозиуми, конгреси и други слични форми на работа).
Вакви форми на работа Федерацијата ги организира од нејзиното основање. Од организираните стручни и науни собири, како позначајни можат да се наведат научите симпозиуми и конгресите. Во претходните години, континурано таа има организирано два меѓународни конгреси, 17 меѓународни симпозиуми и 11 меѓународни стручни научни конференции за физичкото образовани и спортот. Овие собири се организирани во соработка со одделнки научни и спортски асоцијации од Република Македонија. Собирите најчесто се организирани со Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Македонскиот олимписки комитет, Агенцијата за млади и спорт при Владата на Република Македонија и Сојузот на спортските федерации на Македонија. На секој сипозиум и конгрес, просечно учествуваа околу 250 спортски педагози. Најголемиот дел од нив презентираа свои научни истражувања од областа на кинезиологијата и другите сродни науки, како што се биолошко-медицинските, педагошките, психолошките и други науки.
Во текот на научните симпозиуми, Федерацијата традиционално доделува Признанија на истакнати спортски педагози од Република Македонија и други држави за успешни стручни и научни достигања во физичкото образование, спортот и другите интердисциплинарни општествени дејности.
Од 1973 година, континуитрано и најчесто по два броја годишно, до 2010 година, Федерацијата го издаваше списанието „Физичка култура”. Во последните 20 години тоа се публикуваше како меѓународно списание. Од 2011 година списанието се трансформира и продолжува да се публикува во две посебни меѓународни списанија: ,,Истражувања во кинезиологијата” (,,Research in Kinesiology”) и „Активности во физичкото образование и спортот” (,,Activities in Phisical Education and Sport”). Двете списанија се публикуваат на англиски јазик со апстракти на македонски јазик. Федерацијата е една од ретките асоцијации од областа на физикото образование и спортот која е регистрирана како издавачка куќа. Таа има издадено одделни стручни и научни публикации од областа на физичкото образование и спортските активности. Повеќето авторите на тие публикации се членови на Федерацијата.
Од наведените активности на Федерацијата, произлегува нејзината основна функција која се засновува на Законот за здруженија, Законот за спорт и нејзиниот Статут. Реализирајќи ги своите програмски определби, самостојно или во соработка со другите слични домашни и странски асоцијации, таа пред сé, се гржи за унапредување и усовршување на стручната и научната теоретска и практична работа во кинезиологијата, односно во сите нејзини подрачја за потребите на своето членство и за задоволување на личните и општествените интерси на младите и другите возрасни категории на граѓаните. Тоа посебно го остварува низ дисеминацијата на стручните и научните сознанија кои се презентираат на собирите што таа ги организира и ги објавува во своите списанија и другите нејзини публикации.
Покрај наведеното, функцијата на Федерацијата се остварува низ:
- унапредување на кинезиолошките актвности, односно активностите на општинскте здруженија на спортските педагози;
- програмирање и реализација на активности за подобрување на способностите и особините на антрополошкиот статус на граѓаните;
- остварување на континуираното стручно и научно усовршување на членовите на Федерацијата;
- овозможување реализација и објавување на трудови во соодветни списанија или во посебни публикации;
- преземање на активности за проектирање и реализација на научни проекти од областа на кинезиологијата и другите сродни науки;
- промоција на стручни и научни трудови и апликативни проекти на кинезиолозите;
- координирање на активностите на стручните и научните кадри на општинските здруженија и Федерацијата;
- создавање и развивање на иницијативност и меѓусебна припадност и одговорност на членството на Федерацијата при остварувањето на програмските задачи;
- преземање на активности за решавање и подобрување на стручните, научните и материјалните проблеми на членството на Федерацијата.
- одбележување на значајни датуми и имиња во кинезиологијата;
- предлагање на поединци и општински здруженија за општествени, стручни и научни награди и признанија кои ги доделуваат други институции и општествени организации;
- доделување на признанија и награди на заслужни спортски педагози;
- соработка со Министерството за образование и наука и другите сродни министерства, Агенцијата за млади и спрорт, Македонскиот олимписки комитет и другите спортски сојузи;
- соработка со кинезиолозите од другите држави во светот;
- соработка со факултетите за спорт и физичко образование, односно кинезиолошките факултети и педагошките факултети во Република Македонија и светот.